На 13 и 14 јули во добро познатиот планинарски дом „Вртешка“ на Плачковица се одржа 20-то јубилејно издание на најдобриот Outdoor festival во Македонија, ,,Ја сакам Плачковица 2024“.
Плачковица треил на јубилејната трка собра над 50 учесници во најтешката категорија, а меѓу нив само Валентина Узунова како претставник на Атлетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија.
Плачковица треил е трка во должина од 18 километри со висинско качување од 750 метри. Валентина оваа делница ја истрча со време од 2 часа и 29 минути, на температура од 38 степени на висините на Плачковица. Со тоа таа во Генерален пласман во женска категорија освои подиум за ТРЕТО место, а во својата категорија „жени 55+“ имаше најдобро време и освоено ПРВО место.
За Валентина трасата на Плачковица не е непознато искуство. Таа во 2022 година оваа делница ја истра со најдобро време и освои ПРВО место.
Спортскиот дводневен настан „Ја сакаме Плачковица“ донесе викенд за спортување и уживање на публиката во настапите на тркачите, ветераните, децата.
Настанот започна во саботата со „Виа ферата“ на врвот ,,Лисец“ на планината Плачковица, додека во 9 часот беше изведена спелеолошката акција – посета на пештерата „Ќуп” и Голема пештера која воедно е и планинарска акција. Во 10:30 часот беа детските трки, во 17.30 часот стартуваше „Плачковица Trail“, во должина од 18 километри, а веќе од 21 часот почнува забавата со штипската рок сцена на која ќе настапат: „Фуриа“, „Трипати на ден“, „Arre brothers bend“ и Јордан Капа – Душанка.
Иницијативата за настанот потекнува од ДПС Лисец – Штип кој воедно е и организатор на истиот заедно со сите свои клубови, а поддржан е и од Штипско културно лето и Општина Штип.