Познатата холивудска актерка Шенон Доерти почина во саботата на 13 јули на 53-годишна возраст по долга борба со ракот. Тажната вест ја потврди Лесли Слоун, нејзиниот портпарол за американскиот магазин „Пипл“.
– „Шенон Доерти беше посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, а таа почина опкружена со своите најблиски, вклучувајќи го и нејзиното куче Боуви. Семејството во овој момент бара приватност за да можат да тагуваат на мир“, додал Слоун.
Шенон водеше децениска битка со ракот на дојката.
Доерти ја стекна светската слава како Бренда Волш во оригиналната серија „Beverly Hills 90210“, којa беше премиерно прикажанa во октомври 1990 година.
Таа ја напушти серијата по четвртата сезона во 1994 година. Подоцна повторно го играше ликот на Бренда со неколку гостувања во рибутот „90210“ во 2008 година.
По славата во серијата, Дoерти доби улога во серијата „Charmed“, како најстарата од трите сестри вештерки. Покрај улогата во серијата, таа режираше и неколку епизоди, а серијата ја напушти на крајот на третата сезона во 2001 година.
Првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Актерката успеа да се справи со оваа состојба, а болеста отиде во ремисија, но беше краткотрајна – веќе во 2017 година, ракот се врати.
– „Дефинитивно имам денови кога велам: „А зошто јас? И тогаш си велам: „А зошто не јас? Кој друг? Никој не го залсужува ова“.
– „Мојот рак е повторно тука, за неколку дена или недели ќе видите дали сум во четврт стадиум. Мислам дека сè уште не сум го прифатила. Тоа е горчливо апче за голтање на многу начини“, низ солзи изјави актерката во 2020 година во емисијата „Добро утро Америка“.
Таа три години криела од јавноста дека повторно има рак, од 2017 до 2020 година.
Бренда од Беверли Хилс го имаше за дечко актерот Лук Пери кој почина млад. еројатно ја чека со отворени раце да ја прегрне во рајот, порача