Лана Трајкова е 13 годишна ученичка од Гевгелија која на Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица го освои високото ТРЕТО место.
Државното првенство се одржа во организација на Националната спортска федерација на слепи за Северна Македонија.
Местото на шаховскиот собир беше „Конгреснен центар“ Охрид. Овде се одржаа и полуфиналните натпревари од 11 до 16 јули, а финалните од 17 до 19 јули. Лана прва влезе во полуфиналето со освоени 4,5 бодови, најмногу од сите женски учеснички.
Во финалните одигрувања Лана го освои третото место во конкуренција за жени. Таа настапуваше како членка на ШК „4 Ноември“ од Битола во кој членуваат љубители на шахот кои се лица со слабовидност.
Ова трофејно девојче-шахист од југот две години членуваше и успешно настапуваше со освоени медали и пехари на општински, регионални и национални натпревари како членка на ШК „7 Ноември“ од Гевгелија.
Љубовта кон шахот Лана ја носи од поодамна, а наградите доаѓаат сега со акумулираниот труд, знаење и искуство.
Честитки Лана!
