Вчера и денес специјален нуркачки тим трагаше во водите на Дојранското езеро по пријавата дека маж се удавил, после скок и кратко пливање.
По преземени мерки и активности, тим од пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струмица, денеска (19.07.2024) околу 07:00 часот во Дојранското Езеро го пронајде телото на Д.М.(43) од Скопје, кој вчера се удави во езерото.
Имено, вчера во 10:10 часот во СВР Струмица беше пријавено дека тој скокнал од чамец во езерото, пливал неколку метри, по што се удавил.
Во акцијата за пронаоѓање и извлекување на телото учествуваа и полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија и нуркачки екипи.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.