Пред точно 55 години човештвото направи историски чекор – вселенската мисија Аполо 11 означи историски момент во човечката историја слетувајќи на Месечината.
На 20 јули 1969 година во 20:17 UTC, месечевиот модул “Орел” успешно слета на површината на Месечината. Ова слетување беше крунисано со легендарните зборови на Нил Армстронг, кои одекнаа во командниот центар на НАСА: “Орелот слета”.
Слетувањето на “Орел” не само што ја означи првата успешна мисија на човекот на Месечината, туку и момент кога двајцата астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, јадеа првиот оброк на Месечината. Целиот свет со нетрпение го следеше настанот преку директен телевизиски пренос, иако за првиот човечки чекор на месечевата површина требаше да почекаат уште неколку часа. Овој настан останува запаметен како еден од најголемите достигнувања во историјата на човештвото и вечен симбол на човечката издржливост и иновативност.
Историјата ја испишаа: Командантот на вселенската мисија „Аполо 11“ Нил Амстронг, пилотот на лунарниот модул Баз Олдрин и Мајкл Колинс.
Светот ги памети првите зборови на Нил Амстронг при стапнувањето на Месечината:
– „Ова е мал чекор за еден човек, но голем чекор за човештвото!“