сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Д-р Киров: Околу 450.000 евра проектни инвестиции и донации за Општа Болница Гевгелија

Една донација, еден проектен грант од меѓународен проект и сопствено вложување за опремување на ново одделение се последите инвестициони залагања на гевгелиската Болница кои што заедно „тежат“ околу 455.000 евра

јули 22, 2024
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА, ФОКУС
Д-р Киров: Околу 450.000 евра проектни инвестиции и донации за Општа Болница Гевгелија
0
SHARES
1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Директорот на Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност Александар Киров известува за три нови инвестициони остарувања за потребите на Општа Болница Гевгелија, а во служба на пациентите.

Најпрво, тој денеска со посета на Винаријата „РИГО“, искажа и додели Благодарница кон директорот Ристо Маркудов за донираниот медицински фрижидер за потребите на болницата.
Современиот медицински фрижидер е веќе доставен, монтиран и во функција на Одделот за превентивна медицина даде што се чуваат сите вакцини неопходни за децата, а делуваат имунолошки против хепатит, рубеола, морбили, тетанус, магарешка кашлица и други.

Related posts

Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025
НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

јули 4, 2025

Фрижидерот ја одржува потребната температура за чување на вакцините на температура од +2 до +6 степени, а над тоа се вклучува сопствен аларм. Алармот се вклучува и во случај на прекин на електричната енергија, но фрижидерот ќе продолжи да работи со свои вградени батерии уште 8 часа, додека се најде решение за електрично напојување, или складирање на вакцините на соодветно место.

Д-р Александар Киров (десно) му доделува Благодарница за донацијата на директорот на Винарија „РИГО“, Ристо Маркудов (лево на сликата)

Дирекорот Киров ја најави и реконструкцијата на Физикалната терапија во Негорски бањи која работи во состав на Општа Болница Гевгелија. Овој објект датира од пред шест децении и е повеќе од потребно градежно, амбиентално и функционално да се опреми за функцијата на својата дејност, а тоа е рехабилитацијата за подобрување на здравјето на граѓаните.

Со проект одобрен од Европската Унија преку програмата IPA -CBC комплетно ќе биде реновиран објектот на физикалната терапија. Се очекува целиот проектен ангажман да изнесува 350.000 евра средства што се одобрени од меѓуграничната соработка на Општа болница Гевгелија со Болницата во Кукуш, Република Грција, во рамки на Европската инвестициона програма „Интеррег – 01“
Во првата фаза од проектот одобрена е апликацијата за грант, следува втората фаза со заокружување на проектот во градежна смисла и реализација на терен.

Прифатен проект од 16.07.2024 со рок на реализација до 2027 година преку Програмата „INERREG-01“

Третата инвестиција во Општа Болница Гевгелија е опремувањето на Одделение за стерилизација, кое се’ вкупно чини околу 100.000 евра. Последната набавка која е извршена за потребите на новото Одделение за стерилизација се набавката на апаратури во вредност од 65.000 евра кои се веќе монтирани, вградени и наменети за операционите зафати на болницата.

Новата апаратура и современиот стерилизатор за новото Одделение за стерилизација во гевгелиската Болница
  • „Одделението за стерилизација ќе почне со работа од септември годинава и ќе служи за стерилизација на апарати, инструменти, веш, гази, се’ што е во корист на безбеден оперативен зафат за пациентот. До сега Болницата немаше такво одделение, туку секоја амбуланта си вршеше посебно стерилизација на своите инструменти и апарати. Вакво одделение е потреба за Болницата. Средствата за негово опремување се од сопствените средства на Болницата“ – изјави за GevgelijaNet доктор Александара Киров, директор на Општа Болница Гевгелија.
Д-р спец. хирург Александар Киров

Една донација, еден проектен грант од меѓународен проект и сопствено вложување за опремување на ново одделение се последите инвестициони залагања на гевгелиската Болница кои што заедно „тежат“ околу 455.000 евра.

Киров ни’ посочи дека како Општа Болница од Гевгелија имаат аплицирано со уште четири проекти за потребите на Болницата до меѓународни фондации и институции и очекуваат исто така позитивни одговори. Така, со конкретни проектни насоки до современа опременост и функционалност на здравствените работници во служба на граѓаните.

Ние ќе им искажеме благодарност за посветените заложби и квалитетното менаџирање со проектните потреби на Болницата, па нека има современа апаратура – помалку да треба, а повеќе здравјето да ги служи гевгеличани и граѓаните од регионот.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Kaзни за 54 ресторани, месарници, и маркети во Дојран, Охрид, Преспа и во Струга

Next Post

ВИДЕО од AI: Познатите во модно шоу на вештачката интелигенција

Next Post
ВИДЕО од AI: Познатите во модно шоу на вештачката интелигенција

ВИДЕО од AI: Познатите во модно шоу на вештачката интелигенција

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

29 годишната Мартина е девојката која загина вчера во страотна сообраќајна несреќа во Грција

29 годишната Мартина е девојката која загина вчера во страотна сообраќајна несреќа во Грција

1 година ago
Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

Цеца и Тоше од „АК „7 Ноември“ Гевгелија – ТРЕТО МЕСТО на „Охрид трчат“

1 месец ago
Малиот трубач Атанас, музичка атракција на групата „Гевгелиски мелос“

Малиот трубач Атанас, музичка атракција на групата „Гевгелиски мелос“

10 месеци ago
Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist