Директорот на Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност Александар Киров известува за три нови инвестициони остарувања за потребите на Општа Болница Гевгелија, а во служба на пациентите.
Најпрво, тој денеска со посета на Винаријата „РИГО“, искажа и додели Благодарница кон директорот Ристо Маркудов за донираниот медицински фрижидер за потребите на болницата.
Современиот медицински фрижидер е веќе доставен, монтиран и во функција на Одделот за превентивна медицина даде што се чуваат сите вакцини неопходни за децата, а делуваат имунолошки против хепатит, рубеола, морбили, тетанус, магарешка кашлица и други.
Фрижидерот ја одржува потребната температура за чување на вакцините на температура од +2 до +6 степени, а над тоа се вклучува сопствен аларм. Алармот се вклучува и во случај на прекин на електричната енергија, но фрижидерот ќе продолжи да работи со свои вградени батерии уште 8 часа, додека се најде решение за електрично напојување, или складирање на вакцините на соодветно место.
Дирекорот Киров ја најави и реконструкцијата на Физикалната терапија во Негорски бањи која работи во состав на Општа Болница Гевгелија. Овој објект датира од пред шест децении и е повеќе од потребно градежно, амбиентално и функционално да се опреми за функцијата на својата дејност, а тоа е рехабилитацијата за подобрување на здравјето на граѓаните.
Со проект одобрен од Европската Унија преку програмата IPA -CBC комплетно ќе биде реновиран објектот на физикалната терапија. Се очекува целиот проектен ангажман да изнесува 350.000 евра средства што се одобрени од меѓуграничната соработка на Општа болница Гевгелија со Болницата во Кукуш, Република Грција, во рамки на Европската инвестициона програма „Интеррег – 01“
Во првата фаза од проектот одобрена е апликацијата за грант, следува втората фаза со заокружување на проектот во градежна смисла и реализација на терен.
Третата инвестиција во Општа Болница Гевгелија е опремувањето на Одделение за стерилизација, кое се’ вкупно чини околу 100.000 евра. Последната набавка која е извршена за потребите на новото Одделение за стерилизација се набавката на апаратури во вредност од 65.000 евра кои се веќе монтирани, вградени и наменети за операционите зафати на болницата.
- „Одделението за стерилизација ќе почне со работа од септември годинава и ќе служи за стерилизација на апарати, инструменти, веш, гази, се’ што е во корист на безбеден оперативен зафат за пациентот. До сега Болницата немаше такво одделение, туку секоја амбуланта си вршеше посебно стерилизација на своите инструменти и апарати. Вакво одделение е потреба за Болницата. Средствата за негово опремување се од сопствените средства на Болницата“ – изјави за GevgelijaNet доктор Александара Киров, директор на Општа Болница Гевгелија.
Една донација, еден проектен грант од меѓународен проект и сопствено вложување за опремување на ново одделение се последите инвестициони залагања на гевгелиската Болница кои што заедно „тежат“ околу 455.000 евра.
Киров ни’ посочи дека како Општа Болница од Гевгелија имаат аплицирано со уште четири проекти за потребите на Болницата до меѓународни фондации и институции и очекуваат исто така позитивни одговори. Така, со конкретни проектни насоки до современа опременост и функционалност на здравствените работници во служба на граѓаните.
Ние ќе им искажеме благодарност за посветените заложби и квалитетното менаџирање со проектните потреби на Болницата, па нека има современа апаратура – помалку да треба, а повеќе здравјето да ги служи гевгеличани и граѓаните од регионот.