Во спомен на прерано починатиот Венци Попов, најголемиот шаховски Фиде мајстор што го имала Гевгелија и Македонија, семејството Попови во соработка со Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија организираат и годинава шаховски меморијал од меѓународен ранг „ВЕНЦИ ПОПОВ“.
Турнирот на брз шах ќе се одржи на 25 август годинава и на истиот се очекува учество на 150-на шахисти, фиде и велемајстори од Македонија и странство.
Наградниот фонд изнесува 106.000 денари, а ќе се доделат парични награди од 20.000 до 3.000 денари од 1то до 10-то освоени место како и награди за најуспешен настап на гевгелиските шахисти:
– најдобро пласиран гевгелиски шахист,
– најдобро пласиран младинец шахист до 18 години
– најдобро пласирана шахистка.
Турнирот ќе се игра во 9 кола швајцарски систем, според ФИДЕ правилата за забрзан шах. Темпото на играње е 10 минути по играч, со додаток од 5 секунди по потег.
Право на настап имаат сите шахисти со ФИДЕ код.
Турнирот е пријавен во ФИДЕ и ќе се рејтингува.
Рок за пријавување е најдоцна до 23.08.2024 г.
Гевгелиската инспирација за шаховски меморијал во Гевгелија Венци Попов (1962-2013) во август навршува 11 години како се раздели од шахот и овоземниот живот. Беше најмладиот шаховски првак на Гевгелија, трократен шаховски првак на Македонија, член на Југословенската шаховска репрезентација која го дала Гевгелија и со своите шаховски подеми и освоена титула Фиде мајстор стана добитник на највисоката Општинска награда „7 Ноември“ за достигнувањата во областа на спортот и успешна спортска презентација на Гевгелија.
