Академскиот хор „Мирче Ацев“ од Македонија годинава учествуваше на 13-от меѓународен хорски фестивал „13th World Peace Choral Festival“ што се одржа од од 18 до 21 јули во австриската престолнина Виена.
Овде тие се стекнаа со две награди и испишаа историја за квалитетот на македонското хорско пеење. Имено, Хорот „Мирче Ацев”, под раководство на маестра Јасмина Каро, е првиот македонски хор кој не само што настапи во живо во „Musikverein“, златната сала во која се свири новогодишниот познат Виенски концерт, туку и ОСВOИЈА ПРВА, ЗЛАТНА НАГРАДА на „13th World Peace Choral Festival“. Дополнително и НАГРАДА за НАЈДОБРА ИЗВЕДБА на класични музички дела!!!
За време на фетивалските денови до 21 јули нашите хористи имаа шест настапи, во преубави концертни сали низ Виена, каде беа топло пречекани и поздравени со громогласен аплауз и пофалби.
Публиката беше меѓународна, како и хоровите од различни држави учеснички на фестивалот, меѓу кои од Кина, Австрија, Унгарија, Италија… и сите емотивно и со стоечки аплауз реагираа на “Македонско оро”, “Македонска хумореска”, “Chae Shukarie”, како и други моќни дела од интернационални автори.
– „Гордо го развеавме знамето…и ја претставивме нашата Македонија како вистински музички амбасадори. Распеани, возбудени, среќни, исполнети со гордост и достоинство, полни со прекрсна енергија и љубов кон хорската музика се враќаме спремни за нови предизвици. Чувството е нестварно и незаборано!“ – велат презадоволните хористи.
Македонското знаме беше исцртано заедно со знамињата на другите земји учеснички на фестивалот во Виена.
Хорот „Мирче Ацев“ имаше ретка можност да ја претстави Македонија на 13th World Peace Choral Festival 2024 и притоа ги освоиме двете најзначајни награди на истиот, а со тоа културно ја издигна Македонија во очите на тамошната светска публика која ги следеше фестивалските настапи. Ова е таканаречената културна амбасада која ја шират уметниците од сите сфери при настапите на меѓународните сцени во светот, претставувајќи ги културните вредности на Македонија.
– „Она што уште повеќе ме прави горда е што благодарение на проф. Aleksandra Maksimovska нашето знаме беше забележано под нашето оригинално име, Македонија“ – забележа една хористка.
Еве еден од настапите на хорот „Мирче Ацев“ во Виенските преубави концертни сали.
Завршниот настап на нашите хористи беше во виенската катедрала со македонска духовна песна, се разбира под диригентската палка на маестра Јасмина Каро.
Радоста од успехот на хорскиот фестивал во Виена ја делат и шестмина гевгеличани, членови на хорот „Мирче Ацев“, а тоа се: Игор Стамков, Петар Узунов, Зорица Бојкова, Ивана Ќуркчиева, Мартина Зафирова и Марија Каркалашева.
Честитки за успехот на сите хористи и маестро Каро!
Честитки за вредната награда која доаѓа во годината на јубилејот – 75 години од формирањето на Академскиот хор „Мирче Ацев“!