Бродска фрегата со екипите на земјите учеснички плови низ реката Сена во Парис, Франција како „парада на нациите“, а меѓу нив е и делегацијата на македонските олимписки учесници, кои го развиорија македонското знаме на ЛОИ 2024 во Парис.
Знаменосци за Македонија беа Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
На оваа Олимпијада Македонија настапува со шест спортисти:
– Дарио Ивановски (атлетика),
– Владимир Егоров (борење),
– Никола Ѓуретановиќ (пливање),
– Анастасија Мојсовска (стрелаштво),
– Еди Шерифовски (џудо) и
– Мила Рељиќ (таеквондо).
Од бродот со знамето на МК поздравуваат спортистите, нивните тренери, 4ца судии и членови на МОК.
СРЕЌНО!!!