Вчера, на 27.07.2024 год. во првиот час од почетокот на денот (во 01:00 часот), во хотел во Нов Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(41) и М.С.(31) двајцата од Гевгелија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари и мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, известуваат од МВР.