Ивана Коколанска, Анастасија Зафирова, Ангела Зафирова, Слободанка Арнаудова, Билјана Дуева, Ања Поп-Костова и Глорија Зафирова , со својот ментор Маја Зафирова се тимот од југот на Македонија кој ќе настапи на 21. Меѓународен Музички фестивал “РИМИНИ ФЕСТ” во Римини, Италија.
Девојките се дел од вокална група “Music soul” формираа при ЗГ „Внимание“ кои на фестивалот ќе имаат свои соло настапи и настап во состав (септет).
Девојќите се од нашиот македонски југ, од Гевгелија, Богданци и Валандово. Тие работат со музичкиот педагог проф. Маја Зафирова.
Фестивалот е традиционален собир на музичари од цел свет во прекрасниот град Римини и истиот ќе се одржи од 29 јули- 3 август. Меѓународниот настан „Римини фест“ има натпреварувачки карактер и е ризница на фолклорот, танцот и музиката.
Им посакуваме добар пат на нашите претставнички денеска, а чисто грло утре и во деновите на своите настапи. Па да ја пролеат македонска песна во Италија! СРЕЌНО !!!