Плажата позната под името „Златен брег“ во Стар Дојран доби нова песочна подлога благодарение на 22 локални фирми инвеститори и иматели на сместувачки капацитети кои вложија во обновата на ликот на оваа плажа.
Изведувач на работите е фирмата Драги-Ком“ од Богданци, која има своја работна единица и во Дојран.
Ќе прашате „зошто сега, на сред сезона?“
Плажата наликуваше на голем езерски базен по изградбата на пешачката патека и во вода се влегуваше по скалила монтирани на пешачката патека и скалила изградени од бетон. Но сушата која е присутна оваа сезона го намали водостојот на езерото, кое се повлече некое метро и остави каменестото дно да се суши на сонцето. Сега тоа стана простор за плажа кои локалните фирми и граѓани иматели на издавачки капацитети за летувалци сами го инвестираа и уредија ова подрачје со песок како што доликува на старото име на овој дел од езерскиот спокој во Дојран.
Пример за пофалба за самоиницијатива, самовложување и разубавување на местата кои ги сакаме, па дури и кога природата ќе ги остави исушени и грди.
Така се сака Дојран – со акција, со иницијатива, со залагања!