Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од евакуација на жители во светиниколското село Немањица, каде беснее огнена стихија.
– „Во многу села очајните сопственици не сакаат да ги напуштат своите домови бидејки тие се се’ што имаат. Но, сепак животот и здравјето секогаш треба да бидат на прво место. Останувањето во куќа околу која беснее оган може да доведе до трагични последици. Вакви примери вчера имаше на повеќе места, вклучително и во светиниколското Немањица“, напиша Ангелов.
– „Тешки и опасни моменти… Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу… Едноставно, од страна на пожарникарите, се проверуваа и дел од загрозените од пожарот куќи, за некој жител случајно да не останал… Тешко им беше да ги напуштат домовите… Видеоинсертите се од с. Немањици… вчера…
„Ер тракторите“, противпожарните три авиони на ДЗС, ќе полетаат за неколку минути и ќе дејствуваат во Светиниколско на линијата од пожарот што се движи кон Куманово, известија од ЦУК.
Еве како изгледа фронтовската линија со пожарот во Светиниколско.