Од ЦУК јавуваат дека Меѓународна помош за гасење на пожарите обезбедена со „ЕУ механизмот на цивилна заштита“ пристигнува од:
Србија – 1 хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во0 9:45 слета на скопскиот аеродром;
Чешка – 1 хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона. Очекуваме да пристигне вечерва.
Германија – 2 ер трактори (AT802/2), дополнително ќе известиме кога би можеле да пристигнат.
Ова е побарано бидејќи во текот на вчерашниот ден Македонија се соочи со најголем број на пожари на отворено во државата до сега. Беа регистрирани вкупно 66 пожари и беше потребна помош во гаснење. Од вкупно 66 пожари на отворен простор, во моментот 12 се активни, 3 се под контрола и 51 се изгаснати, велат од ЦУК, но состојбата и понатаму е тешка. Затоа е побарана европска помош и истата е одобрена преку „Еу механизмот“.
Вчера екипата на ТППЕ Гевгелија се соочи со осум пожари во текот на 24 часа. Гореше во с.Ума, гореше во с.Кованец, гореше кај с.Ново Конско, кај Центарот „Мајка Тереза, кај областа Касарна, кај Караорман, кај с.Николиќ во опш.Дојран и кај областа „Карач“ помеѓу Нов и Стар Дојран, а се интервенираше кај првите куќи од Стар Дојран каде пожарот се приближи.
Да бидеме одговорни при престојот во природа, да не фрламе опушоци на сува трева, да не палиме оган во шума. И природата, и шумите имаат свои загуби во ова огнена стихија летово низ Македонија.