сабота, 5, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

КУД „Негорци“ на Меѓународен фолклорен фестивал во Италија

КУД „Негорци“ од Негорци ќе ја претставува Македонија на 22-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Карпиноне“ во Италија како единствен претставник од нашата земја

август 6, 2024
in ФОКУС
КУД „Негорци“ на Меѓународен фолклорен фестивал во Италија
0
SHARES
450
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Утрово во 04 часот, членовите на фолклорната група КУД „Негорци“ од Негорци заминаа на пат до Италија каде ќе земат учество на 22-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Карпиноне“.

Фестивалот се одржува од 11 до 12 август во местото Молизе. Пред настапот имаат дефиле, фолклорни сценски проби и, се разбира, незаборавен настап со кој ќе ги соберат сите аплаузи.

Related posts

Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025
НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

јули 4, 2025

На фестивалот единствен претставник од Македонија се нашите фолклористи од Негорци, Гевгелија. Освен нив фолклорот од светот ќе го претставуваат и фолклорни групи од Костарика, Индија, Кенија, Венецуела и домаќините од Италија.

Нашиот состав македонски изведувачи од Негорци го сочинуваат 27 играорци на возраст од 15 до 18 години, уметничкиот директор Џоко Јованов, а патуваат со придружба на доктор, преведувач и двајца возачи.

Плакат на Фестивалот – Нашите играорци од КУД “Негорци“ се единствени претставници од Македонија

Во тек се подготовките за XXII издание на Меѓународниот фолклорен фестивал Карпиноне, учесниците патуваат и пристигнуваат, па се очекува како и секоја година, на 11 и 12 август фестивалот да го оживее малото место Молизе со звуци, ритми и бои од целиот свет.

Oрганизатор на фестивалот е „Gruppo Folk Ru Maccature“.

Среќен пат на нашите културни амбасадори, среќно на сцената и зачукајте со тапаните да се чуе за Македонија!

Дел од составот на КУД „Негорци“ – девојки лазаренки

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО и ФОТО: Пожарот од Фурка стаса во атарот на Богданци, гори и кај Паљурци

Next Post

Награда од 3 милиони денари за „златните“ кошаркари на Македонија

Next Post
Награда од 3 милиони денари за „златните“ кошаркари на Македонија

Награда од 3 милиони денари за „златните“ кошаркари на Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Четворица натпреварувачи од Гевгелија на „Водно-Матка треил 2024“

Четворица натпреварувачи од Гевгелија на „Водно-Матка треил 2024“

1 година ago
Maкедонката Катарина со титула на изборот МИС Евроазија 2024

Maкедонката Катарина со титула на изборот МИС Евроазија 2024

12 месеци ago
Отворена „Сензорна соба“ во ДГ „Детска радост“ Гевгелија, донација на Амбасадата на НР Кина

Отворена „Сензорна соба“ во ДГ „Детска радост“ Гевгелија, донација на Амбасадата на НР Кина

1 година ago
Вагон од утринскиот воз од Гевгелија за Скопје се излизгал од шините

Вагон од утринскиот воз од Гевгелија за Скопје се излизгал од шините

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро
  • Гевгелија под сончева опсада
  • НИНА ПЕТКОВА – Првенец на генерацијата 2024-2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

МВР – Превентивни активности на Дојранското езеро

јули 5, 2025
Гевгелија под сончева опсада

Гевгелија под сончева опсада

јули 5, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist