Пожарот кој изби во атарот на село Негорци се движи кон населбата и веќе се приближил на 50 до 100 метра од селото.
Поради тоа ИТНО е испратен армиски хеликоптер во гаснење на истиот
Директоро на ЦУК Стојанче Ангелов, апелира за помош од месното население:
– „На терен се пожарникарите од ТППЕ Гевгелија, но тие се исцрпени поради повеќе дневните активни пожари во Гевгелија, во општина Дојран и Богданци (Фурка, Погана, Паљурци), поради што се моли тамошното население да излезе на терен да се направи одбрамбена линија огнот да не влезе во селото“ – изјави Ангелов.
https://www.youtube.com/watch?v=b1kbLwvqugk