Пожарот кај Негорци е ставен под целосна контрола од страна на пожарникарите од Гевгелија, Неготино, Валандово, Кавадарци како и доброволците од ДППД Неготино со подршка на еден армиски хеликоптер, јавуваат од Центарот за управување со кризи.
Брзата интервенција на силите за справување со пожарите во нашиот крај, пред се единицата на ТППЕ Гевгелија со 13 професиоални пожарникари, која беше прва на терен, заедно со месното население го бранеа селото да не навлезе пожарот кај куќите и да не биде загрозен имотот на граѓаните.
Од дирекцијата на ЦУК веднаш беше алармирано ИТНО да се испрати хеликоптер на АРМ да ја интензивира акцијата за гаснење на пожарот кој изби во месноста на с.Неготино, гевгелиско.
Видео од денешната воздушна акција на армискит хеликоптер над пожарот во Негорци:
Во пожарот кај Негорци гореше нискостеблеста шума од подножјето на Кожуф планина.
Од 31 регистрирани пожари во текот на денот во државата 14 се изгаснати, три се под контрола, а уште 14 остануваат активни и во текот на ноќта.
Под контрола е и пожарот кај ДОЈРАН и БОГДАНЦИ во с.Фурка кон Богданци. Овде е дејствувано со 2 армиски хеликоптери, со 2 ер-трактори на ДЗС, со 3 членови на ДППД, со 20 вработени во Национални шуми, со 10 припадници на ДЗС, 30 припадници на АРМ, со 11 вработени во ЈП, 6 членови на „Мото клуб“. Овде гореше и гори борова шума и ниско стеблеста шума, прнар и сува трева.