Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ по прекрасна борба со Џејд Џонс, поранешна олимписка, светска и европска шампионка, вчера се пласираше во четвртфиналето на ЛОИ во Париз. Денеска во дуелот со либанката Летисија Ајун загуби во тесна борба во која одлучи само еден поен.
Борбата беше апсолутно израмнета, Летисија Ајун ја доби првата рунда со 9-8. Во втората беше уште поизрамнето, таа рунда заврши со 6-6, а Македонката загуби само поради тоа што противничката имаше удар во глава кој тежи повеќе.
Разликата меѓу двете беше буквално еден поен. Рељиќ храбро загуби, но можеби има уште шанси за медал.
Ајун во полуфиналето ќе се бори со светската шампионка Нахид Киани. Ако Либанката победи и се пласира во финалето, тоа би ја повлекло и Рељиќ во репасажот и битката за бронза.
Во осминафиналето кое беше на програмата денеска од 12 часот, Рељиќ приреди сензација откако ја елиминираше Џејд Џонс, инаку поранешна олимписка, светска и европска шампионка. Џоунс е двократна олимписка шампионка од Лондон во 2012 и од Рио четири години подоцна, а на овие игри сакаше да стигна до историско трето злато, но беше запрена од нашата натпреварувачка.
🚨 BREAKING: Team GB’s Jade Jones suffers shock defeat in opening taekwondo bout against North Macedonia’s Miljana Reljikj #Olympics #Paris2024 https://t.co/lR2baVoa93 pic.twitter.com/a7dPOaeLZ2
— Mirror Sport (@MirrorSport) August 8, 2024
It’s a first round defeat for Jade Jones!
The two-time Olympic gold medallist has lost to North Macedonia’s Miljana Reljikj ❌
Jones may still be given a chance at the bronze medal through the repechage 🥉#BBCOlympics #Paris2024 pic.twitter.com/eSEpJGB7Au
— BBC Sport Wales (@BBCSportWales) August 8, 2024
Посакуваме уште спортска среќа на нашата теаквондистка Мила и шанса за борба за бронза