Денес, 9 август, се празнува Свети Пантелејмон.
Најорганизирано и најпосетено е во гевгелиското планинско село Ума, на 600 метри надморска височина на Кожуф планина, каде тамошните жители и посетители го празнуваат селскиот панаѓур посветен на заштитникот на селото Св.Пантелејмон, познат исцелител и маченик.
По тој повод во манастирот „Свети Спас’ во Гевгелија утрово се одржа утрена богослужба, а потоа и Свечена литургија. Црковниот одбор на црквата “Св. Богородица Пречесна” во село Ума, гевгелиско подготвува празнична литургија, а потоа свечен и благословен ручек за сите посетители.
Пантелејмон (“во се’ како лав”) роден е во 275 година од н.е., а маченички умира како непоколеблив христијанин во 305 година од н.е. за време на прогонот на царот Диоклецијан кога биле убиени 20.000 христијани. Бил еден од 14те свети помошници во доцниот Среден век, познат во Западното христијанство, а во Источното христијанство важел за еден од Светите неплатени исцелители кои му помагале на луѓето.
Неделниот викенд ден можете да го поминете во природните убавини на Ума и да оддадете почит на овој свет лик од Христијанството.