Најдобриот тенисер од Гевгелија, 14 годишниот Александар Груиќ, државен првак на Македонија за 2023, државен првак на МК во двојки за 2024, деновиве престојува во Грција, каде во Тенискиот клуб „Koufalia“ настапува на турнирот „Tennis Europe“ за кадети до 16 години.
Во настапите на тениските терени Александар од Гевгелија е единствен тенисер кој ги брани боите на Македонија.
Во Првото коло Александар се соочи со Rafaele Fernando Daniele Santosuosso Lebaili од Италија а вториот противник му беше Petros Barbopoulos од Грција. Александар настапуваше во двојки со тенискиот-партнер Stefanos Mavromichailis од Кипар. Во првото коло тие победија со резултат 2: во сетови (6:0, 6:0).
Вториот меч го играа против двоецот Odysseas Alexanidis и Zavourgionos Athanasios од Грција и исто остварија победа со 2:1, односно резултатски се избориле за 6:3,3:6 а третиот сет противничкиот двоец го предале на Александар и Стефанис. Со ова се пласирале во полуфиналето од турнирот.
– „Полуфиналето игравме против двојка од Кипар составена од тенисерите Minas Panagidis и Petros Parson. Овој дуел заврши со резултат загуба во третиот сет 7(6):6 2:6, 9:11.
Со тоа, Александар Груиќ, единствениот учесник од Македонија на турнирот „Тенис Еуропа“ се пласира на третото место и освои БРОНЗЕН медал во меѓународна конкуренција помеѓу тенисери од Европа на возраст до 16 години.
Александар има сепак 14 години и победува и постари тенисери од себе.
БРАВО момче! Само напредувај и понатаму!