Дарио Ивановски утринава во Париз испиша историја и стана првиот Македонец кој трчаше на олимписки маратон. Заврши со 20 минути послабо од неговиот личен рекорд. Се соочил со повреда на стапалото и коленото на сред трка, но и покрај тоа успеа да ги истрча 42-те километри. Браво јунак.
Дарио Ивановски стана првиот Македонец кој завршил еден маратон на Олимписки игри, успех кој секако е доволно голем без оглед на времето кое го оствари нашиот најдобар атлетичар.
Пеколното време во Париз направија делницата од 42 километри да изгледа подолго од вообичаеното, па и еден голем шампион како Елиуд Кипчоге не пристигна на целта во Версај.
За разлика од него, Ивановски и со мала повреда на ногата успеа да пристигне на финишот и да го развее македонското знаме, по што имаше и солзи радосници на лицето на македонскиот претставник на Олимпијадата во Париз.
Историски миг во Париз – Македонското знаме влегува во целта на мартонот во Париз на плеките на нашиот маратонец Дарио.
Ивановски е свесен дека освоеното 69-то место и оставреното време (2:28.15) не е она што го замислуваше, но вели дека повредата на стапалото и коленото направиле да има многу послаб резултат од неговиот личен рекорд (2:08:26).
– Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар.
– Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. Јас верував дека можам подобро и се уште верувам во тоа. По времето 2:08 кое е мое најдобро и 2:28 денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, дури и подобар од тоа што бев. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите, – порача Дарио.