На годинашниве Летни Олимписки игри беа доделени 5.084 медали во 329 натпреварувања во 32 спортови. Најмногу медали 129 и најмногу златни 40 освоија спортистите на САД.
Игрите се одржуваа во Париз од 26 јули до 11 август 2024 година, а некои од натпреварувањата започнаа и од 24 јули.
Доминација на спортски план со освоени 40 златни медали, 44 сребрени и 42 бронзени на ЛОИ 2024 во Париз имаше САД, (вкупно 126 медали).
Втора држава од светот по освоени медали е Кина со 40 златни, 27 сребрени и 24 бронзени медали, или вкупно 91 медал на градите на кинеските спортисти.
Трета земја по освоени медали е Јапонија која собра 20 златни, 12 сребрени и 13 бронзени медали, или се’ вкупно 45 медали од ЛОИ 2024.
Следуваат Франција со 15 златни медали (вкупно 64), Холандија со 15 златни (вк. 34), Велика Британија со 14 златнии (вкупно 65).
Од поранешните Југословенски републики најуспешна е Србија, која е рангирана на 27 место по број на освоени медали.
Србија освои 5 медали од кои: 3 злата, 1 сребро и 1 бронза. Во финишот на Олимписките Игри Србија се закити со злато во ватерполо по големиот триумф над ривалот Хрватска во финале. Претходно злато на Србите им донесе Новак Ѓоковиќ во историското финале со Алкараз, а пред него првото злато во Париз за Србија го освоија Зорана Аруновиќ и Давор Микец во мешани двојки во стрелаштво.
Бронзен медал за Србија донесоа кошаркарите кои во дуелот за 3 место ја совладаа Германија а сребро освои и таеквондистката Александра Перишиќ во категорија до 67 килограми.
На 30-то рангирно место е Хрватска со 2 злата, 2 сребра, 3 бронзи (вкупно 7, но поважен и повреден е бројот на освоените златни медали).
Хрватска има златен медал во џудо (Барбара Матиќ во категорија до 70 килограми) и во веслање (мажи пар Синковиќ/Синковиќ).
Сребро на Хрватите им донесоа уште и тенисерката Дона Векиќ која загуби во финале, како и машката ватерполо репрезентација која во финалето загуби од Србија. Бронзени медали за Хрватска стигнаа во: фрлање диск (Сандра Елкашевиќ), стрелаштво (Миран Маричиќ) и во таеквондо (Лена Стојковиќ).
Словенија е на 34-то место, со три освоени медали: 2 злата и едно сребо. Злато за Словенците освоија џудистката Андреја Лески во категорија до 63 килограми жени, како и во спортско качување Јања Гарнбрет. Сребро во едрење освои Тони Водишек.
Косово на 73 место со 1 сребро и 1 злато.
Осум светски земји имаа по една бронзена медала и се најдоа на листата на успешните и овековечени со медал земји. Тоа се: Брегот на слонова коска, Замбија, Зелен ‘Рт, Катар, Перу, Сингапур, Словачка и EOR (Бегалски учесници).
Македонија не е на листата на добитници на медали. Од шестемина учесници на Олимпијадата само Дарио Ивановски истрча маратон и пристигна со 61 време од вкупно 81 учесника на најтешката атлетска дисциплина. Останатите спортисти не се пласираа во финалето од своите спортски дисциплини.
Сите 5.084 медали беа изработени од страна на ковницата на Парискиот монетарен двор, а биле дизајнирани од страна на париското претпријатие за изработка на луксузен накит Шоме.
На опачината на медалите е прикажана старогрчката божица на победата Нике на Стадионот Панатинаико на којшто се одржале првите современи олимписки игри во 1896 година. Во позадината на обете страни на медалот се забележуваат Партенонот и Ајфеловата кула.[3] Секој медал тежи 455-529 г, има пречник од 85 мм и е со дебелина од 9,2 мм. Златните медали се изработени од 98,8% сребро и 1,13% злато, додека бронзените медали се изработени од бакар, цинк и калај.
Paris 2024: the Olympic and Paralympic medals have been revealed 🥇🥈🥉 https://t.co/h6DUnonCkW
— International Olympic Academy (@IOA_Official) February 8, 2024