Ова е традиција на жителите и потомците на некогашните староседелци во планинското село Ума, кое се наоѓа во Влахомегленскиот крај во општина Гевгелија.
Се приредува на ден Св.Пантелејмон кога се слави селскиот панаѓур, а изобилува со традиционално приготвени јадења, слатки и мезелаци по рецептите од баба, прабаба…
Ви ја презентираме празничната атмосфера со звуците од влашкото оро “Две лири, две франки” во изведба на оркестарот на ансамблот “Распеани Гевгеличани”.
Селото Ума во XIX век било населено со влашко население кое после ВСВ претежно мигрира во Гевгелија, Скопје и во странски земји во потрага по подобра егзистенција. Денес нивните потомци навраќаат овде на местото од семејните корени и си споменуваат за традициите, обичаите, културните одлики на жителите од Влахомегленскиот крај.
Со “Влашката софра” сите послужени и нагостени. Ако ја пропуштивте годинава, навратете догодина на Св.Пантелејмон.