По шестмесечна истрага од полициските органи и прибрани докази поднесена е Кривична пријава за гевгеличанец.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(30) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Во полицискиот извештај се вели дека:
„На 17.02.2024 на влез во Гевгелија, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени метилен диоксиметамфетамин, амфетамин и марихуана“.
Кривичната пријава е процесирана до надлежното Јавно обвинителство.
Според Кривичниот законик на РСМ на осомничениот му се заканува казна затвор од три до десет години.
Член 215 од КЗ:
„(1) Тој што неовластено организира, произведува, преработува, продава или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или пренесува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од три до десет години.“