понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Нови пожари, стари навики – повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско

По 10 дневно затишје на пожарите во гевгелиско, повторно гореше природната вегетација во поткожувјето, а по 19 денови затишје на пожарите во Дојран повторно гори депонијата кај туристичката населба „Карач“

август 17, 2024
in ФОКУС
Нови пожари, стари навики – повторно гори во Дојран, гореше и кај с.Давидово, гевгелиско
0
SHARES
1.2k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

По 10 дневно затишје на пожарите во гевгелиско, повторно гореше природната вегетација во поткожувјето, овој пат во близина на село Давидово, во подножјето на Кожуф планина, гореше прнар и сува трева.

На местото на опожарувањето веднаш интервенираше тим на ТППЕ Гевгелија, по дојавата за пожар во 17:45 часот, вчера 16 август. Екипата за интервенција составена од 4 пожарникари и две противпожарни возила целосно се справи со пожарот по тричасовна акција на терен. Пожарот беше целосно ликвидиран во 21 часот, а екипата вратена во своето седиште во 21:10 часот.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025

Ова е прва интервенција во август после 10 дневно затишје на пожарите во гевгелиско. Последниот случај беше на 6 август со големиот пожар во близина на с.Негорци кога беа загрозени и куќите пa мораа итно да интервенираат воздушните сили испратени од ЦУК. Куќите беа спасени благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Гевгелија, хеликоптерот кој гаснеше од воздух и локалните жители од Негорци кои направија земјен штит меѓу пожарот и куќите.

Пожар на депонијата со поглед од Нов Дојран

Денеска повторно гори депонијата во Дојран. Овој простор гореше и на 30 јули и опожари семејни имоти, гаражи, помошни простории, а за спас на населбата итно интервенираше хеликоптер ангажиран од ЦУК.

На терен денеска се противпожарните сили на Доброволното ПП друштво од Дојран.
Од ТППЕ Гевгелија велат дека не е барана помош од нив да се вклучат во интервенцијата поради тоа што нема опасност од опожарување на блиските населби „Карач“ и Нов Дојран, бидејќи во пожарот пред 19 денови изгоре голема површина од околниот простор околу депонијата. „Нема што да гори, освен ѓубрето од депонијата“ – Велат од ТППЕ Гевгелија.

Пожарот кај депонијата со поглед од туристичката населба „Карач“

Жештините уште траат, а опасностите од пожар не запираат. Причина кај сите овие пожари на отворено е човечкиот фактор кој изгледа уште не се свестил колкава штета предизвикува со пожарите, свесно, или несвесно, но во секој поглед НЕОДГОВОРНО!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Македонски средношколци освоија шест медали на Светската олимпијада по геонауки IESO2024

Next Post

Авто подготовки некогаш во Гевгелија

Next Post
Авто подготовки некогаш во Гевгелија

Авто подготовки некогаш во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Денеска е Прочка – Празник на проштевањето

Денеска е Прочка – Празник на проштевањето

6 месеци ago
ЦУК: Потрага по давеник во Дојранско езеро

ЦУК: Потрага по давеник во Дојранско езеро

2 години ago
ПОЧИНА  MAСИМО САВИЌ (1962-2022)

ПОЧИНА MAСИМО САВИЌ (1962-2022)

3 години ago
МВР: Приведен гевгеличанец, приведен и Косоварец на територијата на опш.Гевгелија

МВР: Приведен гевгеличанец, приведен и Косоварец на територијата на опш.Гевгелија

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist