Летните одмори се’ уште се во тек, некои уживаат низ домашните туристички места, некои на море во странство, некои уживаат во викендот, а мамурлакот од жешкото сонце често се лечи со вкусната ароматизирана напивка – кафето, наше традиционално задоволство на Балканскиве простори.
Направивме прошетка по плажите во Дојран и Охрид и проценивме дека е поефтино неговото уживање кај нашите македонски угостители отколку на плажите во Грција.
Доказ се приложените фискални сметки од Охрид, Дојран и плажа на Халкидики во Грција. Сите фискални се од август оваа година, во период од 15 до 17ти.
Кафето во Дојран чини 70 денари еспресо, 80 денари макијато, во Охрид 170 денари, во Грција 310 денари.
Има и други мерила при изборот за летно уживање: тука се трошоците за патување, сместувањето, оддалеченоста од плажата, трошоците за храна.
Но, летото значи и авантура кон непознатото, патувања во нови места. Ама, како вели народната изрека „Во Солун бил еден грош сомун, а до Солун 100 сомуна“. Што значи, до местото каде што сакаш да уживаш и СТО гроша ќе дадеш за да уживаш.
Испијте сега едно мерак кафе каде и да сте, макар во двор дома! И уживајте!