Во текот на вчерашниот ден во СВР Струмица поднесена е пријава за физичко насилство од жител на Миравци, гевгелиско.
Пријавата е заведена во саботата (17.08.2024) во 03:50 часот во СВР Струмица, а подносител е Т.П.(31) од с.Миравци, гевгелиско.
Миравчанецот Т.П. пријавил дека во петокот спрема саботата после полноќ, околу 00:30 часот пред угостителски објект во селото бил физички нападнат од А.В..
Од МВР известуваат дека „По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
Истата вечер во СВР Струмица е евидентирана пријава за уште едно физичко насилство во реонот на надлежност на СВР Струмица.
Во полицискиот извештај стои наведено следново:
„На 17.08.2024 во 03:30 часот во СВР Струмица, Ц.И.(31) од с.Василево, струмичко, пријавил дека на 16.08.2024 околу 22.30 часот во дворот од семејната куќа, по претходна расправија тој, неговата мајка и неговата сопруга биле физички нападнати од С.„Н“, Е.„Н“ и Н.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
За една недела на подрачјето на СВР Струмица регистрирани 6 пријави на физичко насилство, од кои 2 се во надлежност на ОВР Гевгелија, а пријавители се жител на Негорци и жител на Миравци.