понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Бесплатно летување за социјално загрозени граѓани преку „Куќа на среќата“

„Некои семејства не знаат што е тоа летен одмор. Дури и да се вработени, платите не стасуваат за сè“. Но...

август 19, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Бесплатно летување за социјално загрозени граѓани преку „Куќа на среќата“
0
SHARES
422
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Некои семејства не знаат што е тоа летен одмор. Дури и да се вработени, платите не стасуваат за сè, вели Маргарета Куртиќ-Талески од македонското здружение „Куќа на среќата“, преку кое социјално загрозени семејства можат да отидат на бесплатно летување.

Самохрана мајка од Скопје пет години немала летувано со своите деца, на возраст од 4 и 7 години. Заработува 23.000 денари месечно, па не стасуваат пари за летен одмор.

Related posts

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

мај 13, 2025

Кога ја видела иницијативата на здружението „Куќа на среќата“ што овозможува бесплатен одмор за семејства кои тоа не можат да си го дозволат, си рекла- ова не е можно! Сепак, решила да се обиде и се пријавила на повикот.

„Бевме во Грција, добивме и храна и платено осигурување. Преубаво си поминавме, децата беа пресреќни. Постојано ме прегргнуваа велејќи: ‘Мама, фала ти за овој одмор’. Душата ми e преполна. Навистина има луѓе со големо срце“, вели мајката.

Друга мајка, пак, во пријавата напишала: Користам социјална помош и имам дете со аутизам. Не можеме да си дозволиме одмор, невработена сум бидејќи детето нема кој да го чува и гледа, а почесто се разболува.

Вакви и слични пораки стигнуваат во здружението, основано од тим ентузијасти, пред седум години.

  • „За жал, сè поголем е бројот на луѓе кои не можат да си дозволат одмор. Ако во минатото не можеа само социјално загрозените семејства, сега и во семејства со вработени, повторно не можат затоа што сè е поскапо“, вели Маргарета Куртиќ-Талески од здружението.

По застој во активностите за време на пандемијата, ова лето, велат, повторно се активирале целосно. На почетокот, праќале по 15-20 семејства на одмор. Оваа година, се надеваат дека ќе бидат 30. Вака, досега на бесплатен одмор биле над 150 македонски семејства.

Најчесто одат во Охрид или Дојран, но и во Грција или Албанија, Некои немаат пасоши, но немаат ни големи апетити. Пресреќни се со која било дестинација и задоволни со само неколку дена, сведочи соговорничката.

Хуманитарни донации за бесплатно летување има од многу фирми, како и од сопственици на сместувачки капацитети во Дојран.

Некој се израдува со бесплатен одмор ова лето во вила „Ленче“ во Дојран
  • „Само да отидеме некаде, малку да одмориме, тоа е нивниот одговор, за жал. Некои никогаш не биле на одмор како семејство. Имаше семејство каде мајката ми вели, го праќам детето преку училиште да оди, се снаоѓаме некако, за да не се дели од другите деца, ама ние како семејство немаме можност и не сме биле никогаш“, вели Маргарет во разговорот со Радио Слободна Европа.

За хуманост, а не за реклама

Граѓаните донираат пари, превоз, патничко осигурување, реквизити за плажа, козметика за на одмор. Оние кои издаваат апартмани и соби, донираат сместување. Но, вклучени се и туристичките агенции. Некои ги бара здружението, други се обраќаат сами. Има и такви кои инсистираат да бидат анонимни.

„Од агенција со која сме соработувале претходно, оваа година кажаа дека не сакаат да бидат спомнати воопшто, дека ова го прават од хуманост, не за реклама. Имаше и агенција од која освен што сакаа да бидат анонимни, дадоа патување во Грција, но дополнително донираа и 100 евра за да им се најдат, за таму“, вели хуманитарката од „Куќа на среќата“.

Податоците на Светската банка од изминативе години покажуваат дека илјадници луѓе во Северна Македонија живеат во сиромаштија.

Минатата година завршила со над 86.000 луѓе во екстремна сиромаштија, а повеќе од половина милион или, над 519.000, биле умерено сиромашни.

Поповолното сценарио за минатата, 2023 година, предвидело да има околу 70.000 екстремно сиромашни и 439,022 кои живеат во умерена сиромаштија.

Северна Македонија е меѓу земјите со најниски минимални примања во Европа.

 

Извор: РадиоСлободна Европа на Македонски

Пријави за користење одмор на следниот ЛИНК

ShareTweetShareSend
Previous Post

Игор Стефановски- Иџе од Швајцарија: Ова е Македонија, ова се Македонци

Next Post

ССМ: Минималната синдикална кошничка поскапе – Потребни се над 1.000 евра месечно за да се преживее

Next Post
ССМ: Минималната синдикална кошничка поскапе – Потребни се над 1.000 евра месечно за да се преживее

ССМ: Минималната синдикална кошничка поскапе - Потребни се над 1.000 евра месечно за да се преживее

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Убиството на Тот: Пресудени вкупно 52 години затвор за тројцата обвинети

Убиството на Тот: Пресудени вкупно 52 години затвор за тројцата обвинети

2 години ago
Тешка сообраќајка несреќа со мотоцикл во Гевгелија

Тешка сообраќајка несреќа со мотоцикл во Гевгелија

8 месеци ago
ДОЈРАН  ПРАЗНИЧНО

ДОЈРАН ПРАЗНИЧНО

5 месеци ago
Ивановски го истрча првиот Олимписки маратон за Македонија

Ивановски го истрча првиот Олимписки маратон за Македонија

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители
  • Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025
Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist