Ефе Ибраимов во јуни стана Младински првак на Македонија во шах за возраст до 16 години и со тоа се пласираше за учество на Европското младинско првенство во шах кое се одржува од 22 август до 1 септември во Прага, главен и најголем град на Чешката Република и 14 по големина во Европската Унија.
Ефе е младинец од 16 години кој од пред две години е член на Шаховскиот клуб “‘7 Ноември“ од Гевгелија. Титулата младински шаховски првак на Македонија до 16 години ја понесе како член на гевгелискиот шаховски клуб. Сега ќе ја брани титулата Младински првак во истата категорија во конкуренција со младинци од цела Европа.
Ефе на шаховската табла ќе го има првото европско соочување уште утре. Тој ги брани боите на Македонија и својот клуб „7 Ноември“ Гевгелија.
Заедно со Ефе денеска за Прага замина Македонската шаховска репрезентација на млади од 8 до 18 години, Репрезентацијата брои вкупно шестмина млади во различни возрасни категории, а ги придружува претставник од Македонската шаховска федерација.
– „Денес нашиот член ,првак на Македонија до 16 год.Ефе Ибраимов отпатува за Прага каде што ќе учествува на Европското Младинско првенство. Му посакуваме многу среќа,добри резултати и успешен настап“ објавија од ШК „7 Ноември“ Гевгелија, со желби за успех директно искажани од претседателот на ШК, Пепи Танчев
И GevgelijaNet се придружува кон желбите за среќа и успешен настап на МК репрезентацијата и гевгелискиот претставник Ефе!