Историско дерби помеѓу екипите на ФК „Кожуф“ од Гевгелија и ФК „Вардарски“ од Богданци се одигра денеска попладне на теренот во Богданци во рамките на Втората фудбалска лига на Македонија.
Победник во натпреварот беше гевгелиски „Кожуф“ со резултат 1:3.
Публиката следеше одличен натпревар со многу борба на теренот и прекрасна навивачка атмосфера. Борбата и желбата за победа и тимската игра беа клучниот сегмент за денешната победа за „Кожуф“ кој на почетокот губеше со 1:0. Сепак победата беше запечатена во регуларните 90 минути.
Ова дерби се одигрува после 28 години. Последен пат за првенство на Втората лига-исток Вардарски и Кожуф играле во Богданци на 8 октомври во далечната 1996 година и тогаш „Кожуф“ со головите на Ристо Танев, денес спорски директор на гевгелискиот клуб и Тони Ангелов победил со 2:1.
Не полни три децении соседните фудбалски клубови не заиграле на терен во иста лига. Гевгелиски „Кожуф“ еден период стаса и до Првата лига, а Вардарски следната 1997 година излезе од Втората лига. Откако во 1997 година испадна од Втората лига-исток, едно време „Вардарски“ речиси и не постоеше, но благодарејќи на ангажманот на градоначалникот Благој Шапов и група ентузијасти, повторно заживеа и по неколу години настапуваше во Третата лига-исток по што успеа годинава да се избори одново за второлигашкиот статус.
Денеска конечно се одигра првото комшивско дерби во Втората Лига помеѓу „Вардарски“ и „Кожуф“ на задоволство на домашната и соседната фудбалска публика.