петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Општина Дојран одобри по 4.000 денари финансиска помош за секое прваче

И оваа учебна година како и минатата Општина Дојран ќе ги помогне младите семејства од општината кои имаат прваче во учебната 2024/25 година

август 24, 2024
in ФОКУС
Општина Дојран одобри по 4.000 денари финансиска помош за секое прваче
0
SHARES
51
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

И оваа учебна година како и минатата Општина Дојран ќе ги помогне младите семејства од општината кои имаат прваче во учебната 2024/25 година.

Во локалниот Општински Буџет обезбедени се финансиски средства за еднократна парична помош на семејствата за нивното прваче кое треба да го започне своето образование од септември годинава. Помошта изнесува 4.000 денари и ќе бидат исплатени на трансакциска сметка на родителот-барател.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

– „Ја разбираме важноста да се обезбеди силна основа за образованието на нашите деца и оваа иницијатива е наш начин да ги поддржиме семејствата кои оваа година имаат првоодделенче. Децата се нашето најголемо богатство, тие се нашата надеж и нашата иднина“ – изјави Анго Ангов, градоначалник на оштина Дојран.

Оваа Одлука е поддржана од Советот на општина Дојран и предвидува:
„Секое семејство кое живее на територијата на Општина Дојран, со дете кое веќе уредно е запишано во ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран, односно во некое од подрачните училишта во населените места од општината, има можност да добие еднократна исплата од 4.000 денари!

За да се искористи еднократната парична помош, родителите на првачињата треба да ги достават следните документи до општина Дојран:

🔹 Извод од матична книга на родените на детето;
🔹 Број на трансакциска сметка на родителот;
🔹 Копија од лична карта на еден од родителите;
🔹Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/25 година“.

Одлуката на општина Дојран е за поздравување дотолку повеќе што доаѓа почетокот на учебната година, а ССМ објави дека трошоците за живот се поскапени, а со тоа и теретот на родителите да ги опремат новите ученици за подготвен влез во светот на знаењето.
Минатата учебна година во општинското основно и подрачните училишта во Дојран имаше околу 50-на првачиња.

Општината на својата ВЕБ страница објави БАРАЊЕ – образец за апликација на доделување еднокртна парична помош за прваче – ЛИНК ОВДЕ

ShareTweetShareSend
Previous Post

Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

Next Post

ФК „Кожуф“ со победа во комшивското дерби со ФК„Вардарски“-Богданци

Next Post
ФК „Кожуф“ со победа во комшивското дерби со ФК„Вардарски“-Богданци

ФК „Кожуф“ со победа во комшивското дерби со ФК„Вардарски“-Богданци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Новогодишна работилница со децата и родителите во „Детска радост“ Гевгелија

3 години ago
ПС Гевгелија и Дојран привеле двајца криумчари на мигранти

Полициски службеници од ГП и ГН „Богородица“ пронашле исчезнат Французин

2 години ago
ВИДЕО: Пилешко со нов вкус, готов за 30 минути

ВИДЕО: Пилешко со нов вкус, готов за 30 минути

2 години ago
Македонија ја прегази Норвешка и се пласираше во квалификациите

Македонија ја прегази Норвешка и се пласираше во квалификациите

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist