Летниот распуст привршува, годишноодморците се прибираат од летувлиштата, родителите се трудат да ги спремат учениците за новата учебна година, а учениците си размислуваат „што да се пофалат за летниот распуст на првиот слободен состав по предметот македонски јазик“. Еве едно ФБ размислување:
„Дојде и тој ден. Заѕвони ѕвончето за последен пат. Прв пат школската година ни заврши на 15 јуни, поради не знам што, ама знам дека пола одделение го снема уште пред 10ти. Мајка му на Драган пред некој ден донесе лекарска белешка дека е болен. Му ставив лајк на сторито од плажа.
Тргнав накај дома, беше премногу жешко. Дома гледаа вести и коментираа за времето, како никогаш до сега вака не било жешко. Дедо кажа дека тоа е од авионите што не прскаат. Сакав да ги прекинам во секојдневието со сведетелството, но не ми посветија посебно внимание. Ми дадоа 100 денара и отидов на сладолед со другарчињата.
Другар ми на маса извади ајфон со 164299њ7 мега пиксели, со отварач за конзерви, шатор и многу апликации. Поклон за завршената школска година. Најверојато дома некој продал бубрег, или земале брз кредит. Не’ сликаше и стави филтер на сликата. Изгледав како Џон Вајс Милер.
За некој ден појдовме на одмор за Грција. Таму секој ден станував во 5:30 и трчав на плажа со татко ми да фатиме место на плажата, ВО ПРВ РЕД! Зафаќафме простор за 3 фамилии со рогозини, чадори, шаторски крила и стариот тепих од дома. Многу сум благодарен што не го носевме и шпорет на плажата.
Кај 7 часот почнувавме со бранење територија од други туристи. Фрлав влечки на слободните парцели. Кога не браневме територија се бањав.
Најмногу се каравме со еден грк. Не за името, туку нонстоп ставаше лежалка до нас. Кога се пребиравме на ручек, остававме се’ на плажата и се враќавме поручек на нашата укотвена територија. Гркот се приближил опасно до нас. Тато со стапки мереше колку се приближил. Гркот кажа „Калимера”. Тато му обруси ,,Дали ќе мерум? Тебе ќе та питум!”. Гркот продолжи со „Ти леи?”. „Шо лафе воа три леи, мислиш на нива е. Он цел декар до него од друакта страна, три леи”. Кулминацијата дојде кога гркот кажа „Ти каните”.
Тато збесна „Ќе мајш, су камејне, ај мани бе ќе а вијш баабти коа била млада невеста!!”.
Кај 21 часот вечерта гркот попушти и си отиде. Победнички се прибравме и се мачкавме со кисело млеко.
Се вративме дома. Чекаме евтини пиперки за ајвар, а сестра ми собираше пари за маникир. Најверојатно и оваа година пак јас ќе лупам пиперки.
Лектирите не ги прочитав оти ги најдов раскажани во тетратка од братучед ми.“
Фејбуск статус на Александар Дојранлиев