Во Гевгелија се одржува Интернационален шаховски меморијален турнир во спомен на прерано починатиот Венци Попов (1962-2013), најголемиот шаховски Фиде мајстор што го имала Гевгелија и Македонија.
Со едноминутно молчење за прерано починатиот шаховски младински првак и фиде мајстор од Гевгелија денеска напладне започна Третиот меморијален турнир во шах „Венци Попов“.
На шаховската табла ќе се соочат 100 шахисти од Македонија, Грција и Србија, што на меморијалот му дава интернационален карактер.
Наградниот фонд изнесува 106.000 денари, а ќе се доделат парични награди од 20.000 до 3.000 денари од 1то до 10-то освоени место како и награди за најуспешен настап на гевгелиските шахисти:
– најдобро пласиран гевгелиски шахист,
– најдобро пласиран младинец шахист до 18 години
– најдобро пласирана шахистка.
Турнирот ќе се игра во 9 кола швајцарски систем, според ФИДЕ правилата за забрзан шах. Темпото на играње е 10 минути по играч, со додаток од 5 секунди по потег.
Организатор на спортсксиот настан е семејството на Венци Попов во соработка со матичниот клуб на гевгелискиот и Македонски првак, Шаховскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија.
И овој пат турнирот собра на едно место шахисти и поклоници на играта на кралевите од сите возрасти.