четврток, 18, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Победник на Шаховскиот меморијал „Венци Попов“ во Гевгелија е Тони Лазов (МКД)

Победничкиот пехар од одржаниот трет Интернационален Шаховски турнир во спомен на „Венци Попов“ за 2024 година му припадна на шахистот од Македонија Тони Лазов, 24 годишен Интернационален мајстор од Неготино

август 26, 2024
in СПОРТ
Победник на Шаховскиот меморијал „Венци Попов“ во Гевгелија е Тони Лазов (МКД)
0
SHARES
314
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Победничкиот пехар од одржаниот трет Интернационален Шаховски турнир во спомен на „Венци Попов“ за 2024 година му припадна на шахистот од Македонија Тони Лазов. Toj e 24 годишник од Неготино, член на Шаховскиот клуб „Алкалоид“.

Победникот Тони Лазов со победничкиот пехар од меморијалот „Венци Попов“ 2024

Тој во конкуренција од 89 шахисти од Македонија, Србија и Грција, кои зедоа учество на турнирот имаше најдобар пласман и освоени 7,5 поени со одиграни партии во 9 кола, со што се закити и со пехар и парична награда од 20.000 денари што ја обезбеди организаторот.
Победникот Лазов е млад шахист роден 2000 година, а веќе има титула на Интернационален мајстор и меѓународен рејтинг од 2365. На шаховската табла се соочи со двајца шахисти од Србија и седуммина од Македонија.

Related posts

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025
Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

септември 17, 2025

Второто место на турнирот му припадна на Радовановиќ Никола од Србија кој освои 7 поени. Има 28 години и титула Интернационален мајстор со меѓународен рејтинг од 2441. На турнирот во Гевгелија се соочи со победникот Тони Лазов и беше победен од македонскиот шахист.

Второ место – Радовановиќ Никола, Србија

Третиот носител на пехар за освоено трето место му припадна на Панчевски Филип од Македонија со севкупно освоени 7 бода на турнирот. Филип е 36 годишен Интернационален мајстор со меѓународен рејтинг 2388.

Tрето место – Панчевски Филип, Македонија

На листата на наградени следуваат: Златановиќ Борољуб Интернационален мајстор од Србија кој го освои 4-то место, Станковиќ Милош (ИМ од SRB) 5-то место, а од 6то до 10 место се пласираа македонските шахисти Стојаноски Звонко (ГМ), Николовски Никола (ИМ), Кралевски Александар (Фиде мајстор), Вељаноски Андреј (ФМ) и Андонов Тодор.


Од гевгелиските шахисти најдобар пласман постигна Танчев Борче со освоени 5,5 поени. Тој се пласираше на 27-мото место на меморијалниот турнир.

Најдобра шахистка на турнирот е прогласена Зорица Ташева (64 годишна) за чиј успех организаторот обезбеди симболична парична награда. Таа се пласираше на 77 место со освоени 3 (три) поени.

За најдобар млад играч на турнирот беше прогласен Маринидис Ставрос, 13 годишен шахист од Грција. Тој го завзеде 11-то место на турнирот со освоени 6 поени.

Најдобра шахистка на турнирот Зорица Ташева

Судиското трио кое што се грижеше за регуларноста на натпреварите го сочинуваа: Кироски Тони интернационален мајстор, Николоски Кире (ФА) и Органџиев Оливер (ФА).

Организатор на Третиот шаховски меморијал кој веќе прерасна во тардиционален е семејството Попови во соработка со ШК „7 Ноември“ Гевгелија. Претседатеот Пепи Танчев изрази задоволство од одзивот на шахистите и интернационалните мајстори од земјата и соседството да учествуваат на традиционалниот шаховски меморијал во Гевгелија.

Гевгелиската инспирација за шаховски меморијал во Гевгелија Венци Попов (1962-2013) во август навршува 11 години како се раздели од шахот и овоземниот живот. Беше најмладиот шаховски првак на Гевгелија, трократен шаховски првак на Македонија, член на Југословенската шаховска репрезентација која го дала Гевгелија и со своите шаховски подеми и освоена титула Фиде мајстор стана добитник на највисоката Општинска награда „7 Ноември“ за достигнувањата во областа на спортот и успешна спортска презентација на Гевгелија.

Гевгелија го памети по успесите, а шахистите го паметат и споменуваат Венци со учество на Меморијалот во негово име.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Генерална проба за состав: Како го поминав летниот распуст

Next Post

Нов рекорд на Ѓоковиќ по денешната победа во САД

Next Post
Нов рекорд на Ѓоковиќ по денешната победа во САД

Нов рекорд на Ѓоковиќ по денешната победа во САД

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Се судриле велосипедисти, тешко повреден богданчанец

Се судриле велосипедисти, тешко повреден богданчанец

2 години ago
Максим и Антонио освоија ПРВО место на детска трка во Кавадарци

Максим и Антонио освоија ПРВО место на детска трка во Кавадарци

2 години ago
Водата во Дојранското Езеро безбедна за капење и рекреација

Водата во Дојранското Езеро безбедна за капење и рекреација

1 година ago
Aнтонио Каракабаков освои ДВА МЕДАЛА на Државно првенство во атлетика

Aнтонио Каракабаков освои ДВА МЕДАЛА на Државно првенство во атлетика

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning
  • Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“
  • Средношколецот Лука Чучанов од Гевгелија започна меѓународна спортска кариера

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

Валентина Узунова стана репрезентативка на Македонија на СП за Skyrunning

септември 17, 2025
Ана Брзанова –  меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

Ана Брзанова – меѓу ТОП-5 убавици на „Мис туризам Универзум 2025“

септември 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist