Новак Ѓоковиќ со победа го почна походот кон нова титула на УС-Опен, откако во првото коло го надигра Раду Албот кого го победи со 3:0 во сетови (6-2, 6-2 и 6-4). Со тоа ја оправда фаворитската улога и со победа го стартуваше турнирот во Њујорк, САД опен.
На „Артур Еш“, Ѓоковиќ дојде до 78. триумф во кариерата на овој терен што е повеќе од кој било друг тенисер.
Интересно е што и самиот Ѓоковиќ не знаеше за овој рекорд и дозна по мечот во разговор со медиумите.
– „Не го знаев тоа, да бидам искрен. Ова е најголемиот и сигурно најгласниот стадион кој го имаме во историјата на тенисот. Кога го поставија покривот, стана уште погласно, а со новите правила и публиката може да се движи. Многу работи се случуваат на теренот. Сега е полноќ, сакам да играм во вечерни термини, но не баш олку доцна. Им благодарам на сите што останаа“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
Интервјуто со најдобриот српски тенисер го правеше поранешниот тенисер Џејмс Блејк кој ја констатираше одличната форма на Ѓоковиќ истакнувајќи дека иако има 37 години, се движи како да има 21.
78 wins and counting 🔥
Novak Djokovic overtakes Roger Federer to become the male player with the most wins at Arthur Ashe Stadium 👏 pic.twitter.com/DpUXvtUAmq
— Sky Sports Tennis (@SkySportsTennis) August 27, 2024
На почетокот од УС Опен Новаќ најави дека се чувствува добро, игра добро и чувствува дека може да се бори за трофејот како и секој учесник на теренот.
“I feel like I can still fight for trophies and compete with anybody out there” 🔥
Novak Djokovic looks ahead to his US Open campaign ⏳ pic.twitter.com/0mvmHi6eSo
— Sky Sports Tennis (@SkySportsTennis) August 26, 2024