Лана е 13 годишна ученичка од Гевгелија и на интернационалниот шаховски турнир настапи во конкуренција на 89 шахисти од Македонија, Грција и Србија, меѓу кои шест Интернационални мајстори, двајца Фиде мајстори, еден GM и еден AFM. На турнирот освои 2,5 поени и награда шаховска табла.
Лана во моментот има 1470 меѓународен рејтинг.
Успехот во шахот Лана го потврди годинава и со освојувањето на ТРЕТО место на Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица. На ИШТ “Венци Попов” во Гевгелија Лана се натпреваруваше рамноправно со македонската шаховска елита.
Честитки за надежната млада шахистка од Гевгелија!
Фото: ИШТ Меморијал “Венци Попов” 2024