Клубот на млади и волонтерите при Општинската организација на Црвен крст Гевгелија вчера (29.08.2024 год.) на градскиот плоштад во Гевгелија реализираа хуманитарна донаторска акција со забавно катче и друштвени игри за деца и млади.
Хуманитарната акција „За посреќно детство” беше реализирана со цел собирање на донации на училиштен прибор и финансиски средства за набавка на потребните школски материјали за оние на кои им е најпотребно.
Под мотото „За ведри дечиња со полни школски ранчиња” голем број на граѓани и компании се приклучија кон целта на акцијата.
Воедно, ги повикуваме и останатите граѓани и компании да се приклучат кон хуманата мисија, порачуваат од ОО ЦК Гевгелија.