Заедничка песна ја објавија после 14 години од последната соработка, за „Милион лета“ снимија спот на Охридското Езеро
Марко Маринковиќ познат како Слаткаристика и Тони Петковски познат како Тони Зен по 14 години објавија заедничка песна. Станува збор за „Милион лета“, која Слаткаристика ја опиша како сериозна и зрела песна.
Автор на музиката е Слаткаристика, додека текстот е дело и на двајцата пејачи.
Спотот за песната е снимен на Охридското Езеро, а режијата е дело на Крсте Шупев, продукцијата на 20two.studio.