Три девојки од Карате клубот „АРМОР“ од Гевгелија вчера се закитија со сребрен медал на “Државно првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21”- што се одржа на 31 август во Охрид, Македонија.
Носител на медалот е „Ката Тим“ на КК „Армор“ во состав: Јована Дичева, Симона Дичева, Тијана Гоцкова. Освен сребрените медали овој успешен тим за освоениот подиум се стекнаа и со пехар од организаторот.
Натпреварувачките беа единствените претставнички на гевгелискиот карате клуб на Државнотопрвенство во Охрид. Нив ги предводеше тренерот на КК „Армор“ Ристо Брзилов, кој е задоволен од успехот.
Инаку, Државното првенство е за пласман на Светско и Балканско првенство. Само првиот оди на Светско, а останатите од прво до трето одат на Балканско првенство.