Бубо Каров и Трио Граде Плус настапија на 12-от фестивал на хумористични песни „ТУМБА ФЕСТ“ во Куманово.
Изненадување за публиката од југот е неговата песна „Дојранска“ за која комплетен автор со музика, текст и аранжман е Бубо Каров.
„Чиста ава езерска, малку рекла кажала, момичките убави….
Ла тераса, Фук Так, Нота,… “
Ова е дел од рефренот кој го испеа Каров со многу музички импровизации.
Авата дојранска, рибите ловени, пржени, се познати на жителите од југот, а еве со песна Бубо ги приближи и на останатите гледачи на фестивалот во Куманово.
Оваа година на програмата имаше 19 композиции од познати македонски пејачи, етаблирани имиња од фолк и поп сцената, но имаше и гости од Србија и Бугарија.
Награда за животно дело добија Маргица Антевска и Ристо Краповски за нивната песна „Останавме сами“ и многубројните учествувања како дует на „Тумба фест“.
Фестивалот годинава се одржа по дванаесетти пат во организација на Здружението “Етно Ризница”, a со поддршка на општина Куманово.