Шестнаесет годишниот Клаудио Јанковски е член на Карате клуб „Дојран“ кој избори место во македонската репрезентација за настап на Балканското првенство во карате.
Ова го обезбеди преку учество на КУП на Македонија за кадети, јуниори и U-21, викендов во Охрид каде се избори за подиум и завзеде ВТОРО место во категоријата „КУМИТЕ јуниори -68кг“.
Како носител на подиум за второ место Клаудио станува член на репрезентативниот тим во карате кој ќе ги брани боите на Македонија на Балканското првенство што годинва се одржува во Босна и Херцеговина.
Кристијан од јануари тренира во КК „Дојран“ под раководство на Лилјана Упчева и се чувствуваше подготвен да го нападне првото место. Но, во борбите на КУП-от во Охрид уште со првиот противник имаше тежок удар колено со колено, по што претрпе повреда која до крајот на КУП-от го однесе на второто место. Сепак, мисијата за влез во репрезентација е исполнета.
Кристијан е единствениот јуниор во КК „Дојран“ и од почетокот на годината реди само победи и медали. Од јануари до мај, за само пет месеци има освоено шест подиуми, а тоа се следните:
– 3-то место „Фунакоши“
– 2-ро место на натпреварот „Штипски асови“,
– 3-то место „Олимпик Опен“,
– 3-то место „Солидарност Опен“
– ПРВО и 3-то место на „Охрид Опен“ во две различни категории.
Кристијан значи тренира карате само шест месеци и веќе избори место во Македонската репрезентација.
На Балканското првенство во БиХ ќе патува под закрила на Карате Федерацијата на Македонија, а со желби за среќен и успешен настап од сите нас од југот, посебно од неговите дојранчани.
Честитки за постигнатото и СРЕЌНО на Балканско!