Работните погони на фабриката „Зора” во состав на гигантот ЗИК „Винојуг” во Гевгелија во втората половина од XX век претставуваа технолошки зародиш на денеска развиената преработувачка индустрија кај нас.
Кадарот обучен, технолозите изверзирани, ја хранеа цела Југославија со преработените плодови од југот на Македонија. Доматно пире, доматен сок, ѓувеч, корнишони, пиперки туршија, сецкана зелка … Производниот процес течеше цела година, по подготовката на зимница, се преминувашд на подготовка на слатка, сокови, овошни напитоци, џем од кајсии, јагоди, дуњи…
ЗИК „Винојуг“ располагаше со сопствени насади овошје, ораници, лозја, а користеше и откуп на градинарски производи од кооперанти. Погоните брефтааа од работа и дење, и ноќе, храна имаше за сите, работа и плата за сите.
Сега од ова богатство останаа само бетонските зданија на некогашниот комбинат, кој не ја издржа економската транзиција и замина во стечај.
Фото: Погон за преработка на домати во фабриката „Зора”, производител на највкусното доматно пире кое го трошеше цела YU, и војската, и работничките кујни, и хотелите, и одмаралиштата.
Вкусно беше, од Македонија, од нашата Гевгелија!