понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Сашо Стојиловски – новоназначен в.д. директор на ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци“ Гевгелија

Специјализираната Јавна здравствена установа „Психијатриска Болница Негорци“ од Гевгелија после 52 години од своето постоење за прв пат добива правник за директор

септември 6, 2024
in ФОКУС
Сашо Стојиловски – новоназначен в.д. директор на ЈЗУ „Психијатриска болница Негорци“ Гевгелија
0
SHARES
3.9k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Специјализираната Јавна здравствена установа „Психијатриска Болница Негорци“ од Гевгелија после 52 години од своето постоење за прв пат добива правник за директор. Тоа го овозможува новиот Статут на установата кој е усогласен со Законот за здравство на РС Македонија.

Со Одлука од Министерот за здравство од 23 август годинава раководната функција со здравствената установа во Негорци му е доверена на Сашо Стојиловски, 39 годишен правник со долгогодишно работно искуство во истата установа, каде има остваено работен стаж од 16 години.

Related posts

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025
ЕВН најави повремени прекини на електрична енергија за потрошувачите од КЕЦ Гевгелија

ЕВН најави повремени прекини на електрична енергија за потрошувачите од КЕЦ Гевгелија

мај 18, 2025

Стојиловски е дипломиран правник на Правниот факултет при УКИМ со диплома стекната во 2007, а работен однос во ЈЗУ „ПБН“ остварил во 2008 година.

Како долгогодишен познавач на приликите во здравството, правните норми, персоналните и работни права, наградувањата, јавните набавки за потребите на установата, како повеќемандатен член на Управниот одбор на Установата се стекнал со амбиција и потстрек да биде прв носител на извршната функција на установата, после десетина директори од психијстриската фела кои раководеле со оваа установа. Поткрепа за новиот предизвик му е довербата што ја добил од новиот министер за здравство.

Стојиловски обавува и општествени функции. На последните локални избори во државата, одржани во 2021 година стана член на Советот на општина Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на Законодавно-правната комисија при Советот и други општински тела.

Стојиловски на седница на Совет на општина Гевгелија

Примопредавањето на функцијата од досегашниот директор д-р.спец.психијатар Боне Ставаноски, новоназнаениот в.д.директор Стојиловски се случи на пред крајот на август, во атмосфера на разбирање и соработка за доброто на пациентите и здравствена дејност која ја остварува установата.

Новоназначениот в.д.директор Стојиловски веднаш се зафати со остварување на најитните потреби на установата: Проектот за набавка и монтажа на панели за фотонапонска енергија (за производство на електрична енергија од сончевите зраци кои кај нас во Гевгелија ги има многу денови) и Набавка и монтажа на систем за евиденција на работното време, како и сервисирање на основната опрема на установата, неопходни за обавување на здравствената дејност.

Пациентите бараат подобрено здравје и удобен болнички престој – сето тоа треба да биде грижа и на новиот раководител на установата, иако доаѓа од правната фела. Тоа Стојиловски изјави дека ќе му биде императив во извршувањето на раководната функција.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Пронајден починат маж во Гевгелија без документи за идентификација

Next Post

СРЕБРЕН МЕДАЛ за Македонски средношколци на Интернационална олимпијада по информатика

Next Post
СРЕБРЕН МЕДАЛ за Македонски средношколци на Интернационална олимпијада по информатика

СРЕБРЕН МЕДАЛ за Македонски средношколци на Интернационална олимпијада по информатика

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Здрави рецепти со планинскиот готвач на Кожуф

ВИДЕО: Здрави рецепти со планинскиот готвач на Кожуф

1 година ago
Погана веќе 24 часа под оган, хеликоптерите ја откажаа интервенцијата

Погана веќе 24 часа под оган, хеликоптерите ја откажаа интервенцијата

10 месеци ago
Од 1 декември поевтина струја за прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и јавните установи

Од 1 декември поевтина струја за прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и јавните установи

2 години ago
Почина Ален Делон, филмска икона на 20 век

Почина Ален Делон, филмска икона на 20 век

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција
  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители
  • Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

Македонката Kаролина Милицинска ПРВА на трката АXIOS во Грција

мај 19, 2025
Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist