четврток, 15, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЖИВОТЕН СТИЛ

Иванка Ивановска – уметницата од с.Серменин

Родена серменинчанка после шест децении се враќа на корените во село Серменин, гради куќа на татковото лозје, овде живее, слика и твори

септември 13, 2024
in ЖИВОТЕН СТИЛ, ИНТЕРВЈУ
Иванка Ивановска – уметницата од с.Серменин
0
SHARES
1.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Селото Серменин во Гевгелија е познато по својата природна убавина со местоположбата да биде цел ден облеан со сонце, сместен меѓу зеленилото на Кожуф, полно со борови дрвја, јавори, даб, костени. Низ него поминува природна изворска вода од реката Белица, а ветровите се посебна приказна. Ако дувне југ го носи мирисот на медитеранот од Егејот, ако дувне север го носи студот на континенталната клима. Полн е со живот што го дарила природта, но недостасуваат луѓе. Овде според последниот попис во државата, во 2021 година евидентирани се само осум жители на с.Серменин. За среќа, селото се полни за време на пролетните, а особено летните месеци од годината. Предност е пријатната ладовина што ја пружи местоположбата на селото во текот на летните горештини кои ги истоштуваат жителите во градот. На 540 метри надморска височина овде и температурните 30-ки се издржливи.

Село Серменин, на Кожуф планина, гевгелиско

Во ваква природно-зелена аеро терапија четири месеци од годината живее и твори Иванка Ивановска, родена во село Серменин 1945 година, исселена 1952, а повторно му се враќа 2009 година каде гради куќа на татковото земјиште кое било нива со лозје.

Related posts

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

мај 7, 2025
Лела – Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

Лела – Симбол на соживот и меѓуверска хармонија

април 16, 2025

– „Овде изградивме семејна куќа заедно со мојот сопруг. Доаѓањето во Серменин за мене беше враќање кон моите корени, зошто Серменин е местото каде се родив, местото на мојата мајка, а Скопје каде што живеев и работев 35 години е моја маќеа. Овде времето го исполнувам со сликање. Имам свое работно атеље и преку 100 создадени дела. Инспирација ми е околината, селото, овдешните жители, старите селски куќи, цвеќињата кои ги собирам по полето, камењата, реката која секој ден ја слушам како жубори. Ова е богатство од живот кое ме крева да станам, да живеам, да творам, да создадам нешто кое многу радо го подарувам на луѓето со кои се дружам, или на дојденци во селото со кои се запознавам“.

Скромното ателје во Серменин
Цвеќе од серменинските полјанки

Вака Иванка од „пушка“ во еден здив ни’ ги прикажа убавините на Серменин кои ја плениле после шест децении да му се врати на родното село каде живеела до 6,5 години старост, а потоа заминала во Гевгелија со семејството да живеат во Гевгелија каде започнала да оди на училиште.

Во 1965 година оди во Скопје да се запише на факултет, но не успева да обезбеди стипендија, иако одлична ученичка и се одлучува да се вработи за да може да егзистира. Се вработила во „Цементара“ и овде остварила 35 години работен стаж како економист. По пензионирањето на свои 55 години старост почувствувала огромна празнина што не е активна, па се вратила на својата стара љубов сликањето. Најпрво цртала на материјали кои ќе ги најдела дома, а подоцна синот и подарил штафелај и бои и ја поддржал во идеата да продолжи уметнички да се изразува.

– „Јас сум самоук уметник. немав можност да студирем ликовна уметност, но се снабдував со современа литература од областа на уметноста, сликарството, сликарските техники, посетував изложби, се дружев со уметници. Творам во сите техники, на секакви материјали. Првата година кога дојдов во Серменин немав претстава дека толку ќе ме инспирира селото, па немајќи материјал цртав на камења. Таа година насликав 12 камени плочи. Сите дела, освен една која ја задржав и изложив во дворот, ги поклонив на мештани од селото, луѓе со кои радо се дружам во текот на престојот во Серменин“, вели нашата соговорничка Ивана.

Богородица со Исус насликана на камен

Ја прашавме Ивновска дали освен на пријателите, своите дела ги има изложувано и на пошироката уметничка публика.

– „До сега не, зошто за изложбата се потребни средства за подготовка, за урамување на делата, закуп на изложбен простор. Јас тоа не можам да го обезбедам. Сликам, ги подарувам делата, а некои и чувам и ќе ги подарам на мојот внук кој ја разбира мојата поврзаност со Серменин и затоа ми има изјавено: „Бабо, ние никогаш нема да ја продадеме куќата во Серменин“. Се надевам тој со новите форми на поврзуање и огласување преку интернет ќе може да најде купувачи за моите дела“.

„Серменин, памти ме“ 2024 – (И.Ивановска)

Оваа Ван Гоговска мисија на Иванка, да твори, а ништо да не продаде во текот на животот не инспирираше да ја контактираме и да посветиме статија за малото партизнско сираче кое не го ни видела својот поѓинат татко партизан 1944 година, а таа се родила шест месеци по неговата смрт во 1945 година. Таа „папочна врска“ со Серменин е толу силна што овде живее и твори сама, слушајќи го жуботот на реката Белица, понекогаш класична музика, не користи телевизор, прави утрински прошетки, го вдишува мирисот на медитеранот од јужниот поветерец на Кожуф, собира полски цвеќиња и му се радува на животот.

„Серменинска куќа“ – 2024 (И.Ивановска)

– „Се’ би било полесно кога во селото би работела кооперацијата, која до лани беше во функција. Не само што се снабдувавме со општите потребштини, продавницата во Серменин ни’ беше место за собирање на луѓето, случајни познанства, разговори, досетки. Народот се дружеше, а сега секој затворен дома си ја гледа својата мака. Имам пријателка која ме снабдува со артикли од најбижната продавница во Негорци, или од градот. Но, тоа значи дека претежно јадам смрзната храна, користам леб кој го замрзнувам. Селскиот живот би бил поисполнет ако има продавница. Еве порака до надлежните тоа да го овозможат“- изјави за GevgelijaNet Иванка Ивановска.

Иванка денеска има 79 години. Веќе 24 години е во пензија и толку години слика, а во Серменин е летна привремена жителка полни 15 години и овде секојдневно ја овековечува природната убавина на серменинскиот крај.

Моќта на корените, емоциите дека овде е близу до гробот на таткото кој што не го видела во животот, местото каде се родила, местото на нејзината мајка и каде животот го поминал нејзиниот постар брат, место каде секојдневно се буди со птиците наместо сообраќајните гужви во Скопје, на многу начини ја врзуваат Иванка за кожуфското село Серменин.

„Бура“ – масло на платно, 2024

Ведра, насмеана, спремна за разговор, несигурна како да ја пренесе својата уметничка креација пред публиката Иванка Ивановска прифати да го открие местото на својот уметнички спокој, родното село Серменин за читателите на GevgelijaNet.

Сега, иако вруќините заминаа и не се повод за прошетка до Серменин, можеби ќе отидете да го „вдишите“ овој спокој по течението на Белица каде природата бујнала, узреаните ореви испопаѓале од дрвјата и чекаат некој да ги собере. Ако не бидете тоа вие, ќе стасаат дивите животинки да се нагостат наместо вас.

Пријатен креативен спокој Иванка, имајте уште многу години. Можеби локалните културни работници ќе ви помогнат да излезете од анонимност со своите дела.

Го оставаме Серменин во зеленилото, а Иванка со својот штафелај да се дружат и љубуваат заедно на платното пред да се роди ново уметничко дело изнедрено од сончевите падини на Кожуф и китнестиот серменински крај.

Река Белица, с.Серменин
„Без утеха“ – молив
„Темна ноќ во Серменин“- август 2024
Иванка Ивановска на изложба на уметникот Миро Масин, 2024
ShareTweetShareSend
Previous Post

КУД „Негорци“ со успешен настап на 39 „Истибањско здравоживо“

Next Post

ВИДЕО: Докторка од Гевгелија 7 години без диплома и без Лиценца за работа – била „доктор“ за фалсификати

Next Post
ВИДЕО:  Докторка од Гевгелија  7 години без диплома и без Лиценца за работа – била „доктор“ за фалсификати

ВИДЕО: Докторка од Гевгелија 7 години без диплома и без Лиценца за работа – била „доктор“ за фалсификати

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

1 година ago

Традиционалната изложба на Дневниот центар за лица со посебни потреби – Гевгелија

2 години ago
ВИДЕО: Новите распеани „Калинки“

ВИДЕО: Новите распеани „Калинки“

2 години ago
Запленети 76 kg тутун за наргиле на ГП „Богородица“

Запленети 76 kg тутун за наргиле на ГП „Богородица“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство
  • ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”
  • 15 атлетичари од Гевгелија, од кои 10 деца учествуваа на „Сараевски маратон 2025“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

Средношколците од Гевгелија – ВИЦЕШАМПИОНИ во баскет на Државно првенство

мај 15, 2025
ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”

ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”

мај 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist