Најдобриот гевгелиски тенисер, младинскиот првак на Македонија за 2023 година, Вицешампионот за 2024 година, Државeн првaк во тенис за младинци во двојќи за 2024 и Државен првак во тенис во училишен спорт, Александар Груиќ од Гевгелија, вчера освои НОВ ТРОФЕЈ на меѓународен турнир во Чешката Република.
Овде во конкуренција од повеќе европски земји Александар се избори за ПРВОТО место во У-14, заедно со својот дабл партнер во тениски двојки Марко Алексовски и го обезбедија ПОБЕДНИЧКИОТ ПЕХАР.
Александар од 7 до 17 септември е дел од Македонската младинска тениска репрезентација У-14 која учествува на Европскиот ирнир во Чешка, во градот Мост, во Устечки крај.
Насмевките, дипломата и освоениот пехар се доволна потврда за квалитетите на овој гевгелиски тенисер кој од мал спортува, а веќе години по ред настапува на турнири и победува.
Александар годинава освои пет подиуми: ПРВО место на Меѓународен трунир во Турција во двојки, ПРВО место во натпревар двојки и ВТОРО место во натпреварите од сингл категорија на годинашното Државно првенство во тенис за јуниори, ПРВО место на Државен натпревар во училишна конкуренција за 2024, и ПРВО место во конкуренција У-14 на Меѓународен турнир во Чешка.
Тој е моментално на 129-та позиција на Европската младинска листа на тенисери, „Tenis Europe“.
Среќно Александар!