Предвидување во иднината од гевгелискиот лик Чик Ване, во минутите резервирани за хумор со „Диверзија“ и Дејан Малзарков.
„Јас гледум уф иднинта шо се дешаве. Се’ е јасно:
– ПРВО шо предвидвум – Вие децта цело лето шо ви бучат су матор, шо се жаљте на них цело лето, е да знајте оти утре ќе бидат џандаре и утре унадин они ќе ви пишат казни!
– Предвидувам оти ние македонците конечно ќе го завземеме Солун во 2053. Ние од шо сме толко шашави ќе го прекрстиме во „Солуун-53“, (локален ланец на маркети во Гевгелија, н.з.)
– Слуши шо ти лафум. Има саа клубови за се’: за точкаџии, за моторџии, за тие шо пешачат, шо трчат, за се’ има клубаве, али нема за една работa. Али, ваа работа как шо тере ќе направам клуб на љубители на дијазепам и хелекс…
– Предвидувам, уф иднина, Комуналното конечно ќе им пуште вода на негорчајне уф летно време, ама ќи нема негорчајне, ќи с’ исељат, ут тук преку тук им е. Љујто оат уф Гивгилија да са бајнат пу љујто, пу руднини.
– Уф иднина казинта ќи дават субвенции…“
Сето ова Чик Ване го предвиде јавно на фестивалот „Taste the south“ Гевгелија. Слушнете што друго прогнозираше: