Најдобриот тенисер во Гевгелија и младински вицешампион на Македонија во тенис вчера го освои шестиот пехар за оваа година со освојувањето на ВТОРОТО место на Меѓународниот турнир „Tennis Europe U14“ што се одржа од 16 до 21 септември во Скопје, Македонија.
Александар настапи во двојки со својот дабл-партнер Алексеј Стојановски од Македонија и во четири одиграни меча остварија три доминантни победи и се пласираа во финалето.
На патот до подиумот за осоеното ВТОРО место на Европскиот тениски КУП за јуниори до 14 години тие ги победија со 2:1 двојката составена од Латвиец и Швеѓанец, победија со 2:1 двојка составена од двајца натпреварувачи од Романија, победија со 2:0 двоец составен од натпреварувач од Австрија и Германија.
Македонскиот тениски двоец Груиќ&Стојановски ги победија: Romans KRAVCOVS романец, Valter MANDIR швеѓанец, потоа романците Loris DA SILVA, VICTOR ANDREI FATU и австриецот Yile LI и германецот Florian Sean SEELENBINDER.
Во финалето се соочија со Марко Павловиќ од Србија и Хавиер Сандерс од САД кои беа подобри во играта и на нашите тенисери од Македонија им остана загарантираното ВТОРО место на Европскиот јуниорски куп.
Домаќин на Европскиот турнир беше ТК „Југ“ од Македонија која што пречека 18 тениски федерации составени од репрезентативни јуниори на нивната земја. На теренот се соочија 75 натпреварувачи од земјите: Македонија, Грција, Србија, Косово, САД, Германија, Латвија, Австрија, Австралија, Унгарија, Шведска, Романија, Црна Гора, Чешка Република, Ирска, Бугарија, Јапонија и Франција.
За Гевгелискиот тенисер Груиќ ова е ШЕСТИ ТРОФЕЈ освоен во текот на 2024 година. Пред една недела освои ЗЛАТЕН МЕДАЛ и Пехар на „Tennis Europe U14“ што се одржа во Чешката Република и веднаш продолжи со натпревари на турнирот „Tennis Europe U14“ неделава во Скопје, каде уморот си го стори своето и го завзеде вториот подиум.
Честитки Александар!
Трофеите те чекаат да ги собереш и во следните сезони!