петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Серменин подготвен за утрешниот велосипедски настан „Сите уф Серменин“

Локален спортски настан кој прераснува во традиционален, а жителите и привремените гости на с.Серменин со радост се подготвуваат и ги очекуваат велосипедистите

септември 21, 2024
in ФОКУС
Серменин подготвен за утрешниот велосипедски настан „Сите уф Серменин“
0
SHARES
657
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Точкаџиите од Гевгелија годинава ја организираат втората велосипедска рута „Сите уф Серменин“. Учесниците на настанот се велосипедисти, организирани од „Гевгелија точак клуб“ и целиот настан ќе започне од старото училиште во селото.

За таа цел староседелците и имателите на викенд куќи во ова планинско село со денови се подготвуваат да го дотерат селото, да се претстават како вистински домаќини.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Се коси тревата крај селскиот пат, се чистат патеките, ледините каде ќе престојуваат велосипедистите, се чисти просторот околу старото училиште во селото, околу и во селската црква… Посетителите очекуваат да видат село сместено во природна убавина, а селаните и сезонските жители на селото се потрудија таа убавина да дојде до израз.

Еве фото доказ за акциите на тамошните жители. Сите добија задача на заедничкиот состанок на месниот одбор и црковниот одбор на селото да направат тоа да биде привлечно и посетено и од други љубители на природата.

Претседателот на МЗ во с.Серменин, Маренчев Зоран, самоиницијативно учествува во подготовките
Се коси тревата покрај патеката низ која ќе возат велосипедистите
Се пренесуват астали за доечек и одмор на велосипедистите

Инаку, за публиката која што ќе сака да го следи настанот, ќе потсетиме дека ќе се вози велосипедска рута која започнува од старото селско училиште и завршува на истото место после извозени 40 километри и совладана висинска разлика од 1.200 метри, а трасата поминува после училиштето кон манастирот „Свети Илија“, понатаму кон викенд населбата Коњаре, па кон Висока чешма, од каде се прави целосно кружно свртување и велосипедистите се движат повторно кон с.Серменин каде завршува 40 км рута.
Долж патеката велосипедистите ќе бидат „пречекани“ од повеќе чешми со чиста планинска вода.

Патеката е од средно-тежок карактер 8/10.


Изморените велосипедисти серменчани ќе ги дочекаат повторно, на честитки, поздрав и закрепнување со пригодна домашна софра.

Фото: И.Ивановска (с.Серменин)

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Гевгелискиот тенисер Александар Груиќ стана Вицешампион на „Tennis Europe U14“

Next Post

ВИДЕО: Започна велосипедскиот настан „Сите уф Серменин“

Next Post
ВИДЕО: Започна велосипедскиот настан „Сите уф Серменин“

ВИДЕО: Започна велосипедскиот настан „Сите уф Серменин“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

АК „7 Ноември“ освои 5 подиуми и 4-ри ПРВИ места на трки во Грција

АК „7 Ноември“ освои 5 подиуми и 4-ри ПРВИ места на трки во Грција

1 година ago
Снег во април – Западна Македонија обеле во пролет

Снег во април – Западна Македонија обеле во пролет

3 месеци ago
Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

Гевгеличанец, затвореник во Идризово, измамил од затвор угостители во Гевгелија

6 месеци ago
Одложена манифестацијата „Ѓура Мара“ во Миравци

Одложена манифестацијата „Ѓура Мара“ во Миравци

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist