Гевгелија, питомиот град на југот, вечно отворен за нови познанства, нови пријателства, запознавање на нови култури кои ги носат гостите со себе и своите навики. Така и Гевгелија ја стекна својата градска култура.
Градот на југот минатата декада беше град на културата на Македонија, некогаш, кога академици не’ посетуваа, изложуваа, се воодушевуваа на нашиот питом крај кој и самиот изнедрил уметници од југот, што на свој начин ја афирмираат Гевгелија.
Ова е Видео-архива на GevgelijaNet од 2011 година, со намера да споделиме сеќавање за еден убав настан и присуството на еминентни уметници во нашиот град и секако меѓународно познатиот и признат македонски сликар, академик Васко Ташковски.
Разговорот е снимен на изложба на „Остен“ во рамки на Биеналето 2011 година одржано во х.„Аполонија“, значи пред 13 години, кога Ташковски доби Гран При за своите дела.
Порталот GevgelijaNet е регистратор на јавниот, уметничкиот, па и секојдневниот живот во Гевгелија и околината веќе 14 години, на задоволство на сите Вас наши читатели и следбеници на социјалните мрежи.